Викенд прогноза за Куманово: Врнежливо и постудено

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

 Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време во претпладневните часови, а попладне се очекуваат врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 26 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната ќе достигне само до 24.

 

 

Loading...

Променливо облачно време со услови за врнежи од дожд и грмежи ќе имаме и во недела. Тогаш ќе дува и слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец.

Во утринските часови температурата ќе се движи околу 13 часови, а максимумот се очекува да достигне до 23 степени целзиусови.

 

 

Од почетокот на следната работна недела се очекува стабилизирање на временската состојба и пораст на температурите.

Никола Ивановски