Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне во источните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.
Температурата ќе се движи во интервал од 14 степени во утринските часови, до максимални 32 во текот на денот.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево и многу топло време за овој период од годината.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ и југоисток, а температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 33 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 27 степени целзиусови.
Со дожд ќе започне и следната работна недела во која ќе имаме нешто пониски температури.
Никола Ивановски