Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и мирно време. Ќе дува сосема слаб ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу два степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 17 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме повторно сончево време со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен во негатива, додека максималната дневна температура се очекува да достигне 15 степени целзиусови.
Во недела повторно ќе имаме сончево време, но со нешто пониски темпратури.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата на воздухот ќе се движи во интервал од минимални -2 степени во утринските часови, до максимални 11 во текот на денот.
Во текот на следната работна недела по долг сушен период се очекува и дожд.
Никола Ивановски