Викенд прогноза за Куманово: Уште е лето!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Loading...

Попладне претежно во северните и источните делови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се движи од 15 степени во утринските часови до максимални 28 во текот на денот.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне до 27 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Недела повторно носи сончево и топло време со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Температурат а ќе се движи во интервал од минимални 13 до максимални 28 во текот на денот.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски