Викенд прогноза за Куманово: Температурите во благ пораст

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, додека максималната дневна ќе достигне 27 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар кај поранешниот хотел „КУ-БА“

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 31 степен целзиусов.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме сончево и многу топло време, со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а дневиот максимум се очекува да се искачи до 35 степени целзиусови.

 

 

Слични температури ќе се задржат и во текот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски