Во текот на ноќта и утрово времето низ Македонија е облачно, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во текот на ноќта во северните делови ќе има врнежи од дожд.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до 12 степени.
Во текот на ноќта регионот на кумановско ќе биде зафатен од врнежи.

Утре ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, кој на моменти ќе достигне и брзина од 50 километри на час.
Утринската температура ќе се движи околу четири степени под нулата, а дневниот максимум ќе изнесува само четири степени.
Во текот на ноќта кон недела се очекува и провејување на слаб снег со дождот.

Во недела ќе имаме променливо облачно, но студено време. Ќе дува умерен до засилен ветер од север и северозапад кој ќе надминува 50 километри на час.
Температурата во утринските часови во недела ќе се движи околу осум степени под нулата, а дневниот максимум ќе се искачи само еден степен во позитива.

Почетокот на следната недела носи студено време, но и врнежи од снег.
Никола Ивановски

