Викенд прогноза за Куманово: Температури над 30 степени!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне, во југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово утре го пречекува Еурофарм Пелистер 2

Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 31 степен целзиусов.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, додека максималната дневна ќе достигне високи 32 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме променливо облачно, но и натаму многу топло време со слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна ќе достигне високи 32 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четворица кумановци приведени поради физички напад врз сограѓанин

 

 

Следната работна недела ќе се задржи топлото време, а температурите ќе достигнат дури и до 36 степени целизусови.

Никола Ивановски