Викенд прогноза за Куманово: Температури и над 30 степени

Сподели со своите пријатели

По свежото и ведро утро, преку денот времето низ Македонија ќе биде сончево, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

 

прогноза куманово

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и пријатно време.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 26 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Панел – дискусија „Учам за подобра иднина” во ООУ „Христијан Карпош” (ФОТО)

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и релативно топло време за овој период од годината.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а дневниот максимум ќе достигне 30 степени целзиусови.

 

 

Сончево и многу топло време ќе имаме и во недела, кога ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југозапад.

Минималната температура ќе се движи околу 10 степени, а максималната во текот на денот се очекува да се искачи до 31 степен.

 

 

Релативно топлото време ќе се задржи и во текот на првата половина од претстојната работна седмица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведена кумановка барана со централна потерница

Никола Ивановски