Во повеќе делови од земјава е формирана снежна покривка особено во западните, каде што снежните врнежи беа пообилни.
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево време со умерена облачност и студено, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. Во Скопје температурата утре ќе биде од -4 до 3 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Утринската температура ќе се движи шест степени под нулата, а дневната максимална температура ќе се движи околу нулата.
Утре нѐ очекува слично време. Утринската температура ќе изнесува десет степени во негатива, а максималната дневна ќе се искачи до -4 степени.
Недела носи уште постудено време. Во текот на денот времето ќе биде сончево до умерено облачно. Температурата во утринските часови ќе изнесува -11, а максималната дневна се очекува да изнесува -5 степени.
Слично време ќе продолжи и кон почетокот на новата работна недела.
Никола Ивановски