Викенд прогноза за Куманово: Студено, со врнежи од дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Времето низ Македонија во текот на денот и во ноќните часови ќе биде со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на одредеин места се очекува да наврнат и над 35 литри на метар квадратен.

На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка.

На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Loading...

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец физички ја нападнал својата сопруга

Утринска температура ќе се движи околу два степени, а максималната дневна се очекува да достигне 9 степени целзиусови.

Од страна на УХМР за кумановскиот регион за денеска е издадено жолто метео предупредување за засилен ветер.

Во текот на ноќта се очекува и на пониските места врнежите од дожд да бидат во комбинација со врнежи од снег.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и снег.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални два до максимални четири степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од север.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги осуди инцидентите од прославата на Денот на албанското знаме

Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен во позитива, а максималната дневна ќе достигне шест степени целзиусови.

 

Loading...

 

Првата половина од следната работна недела носи сонце, но потоа повторно ќе имаме врнежливо време.

Никола Ивановски