Викенд прогноза за Куманово: Сончево време со пролетни температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и релативно топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна се очекува да се искачи до 17 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарките на Македонија утре ја пречекуваат Белгија во Куманово

 

 

И утре ќе имаме можност да уживаме во сонцето и високите температури.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен, а дневниот максимум се очекува да достигне 17 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до само еден степен над нулата, а максималната во текот на денот ќе достигне до 15 степени целзиусови.

 

 

Слично време, дури и со повисоки температури, ќе имаме и во претстојната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска и утре без струја повеќе локации во Куманово

Никола Ивановски