Викенд прогноза за Куманово: Сончево, но не премногу топло

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност и умерен до умернео засилен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 25 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Првин сонце, па потоа дожд

 

 

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме и утре. Ќе дува умерен до умернео засилен ветер од север.

Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум ќе достигне 27 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Во недела ќе имаме повторно сончево време со мала облачност и слаб до умерено засилен северен ветер.

Температурата ќе се движи во интервал од минимални 13 до максимални 29 степени целзиусови.

Следната работна недела ќе имаме благ пораст на температурите кои ќе се движат околу триесетиот степен.

 

Никола Ивановски