Викенд прогноза за Куманово: Сончеви и топли ноемвриски денови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 5 степени, а максималните ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу три степени, а максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се чисти депонијата кај поранешниот хотел „Куба“ (ВИДЕО)

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време за овој период од годината.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу третиот степен, додека дневниот максимум ќе се искачи до високи 20 степени целзиусови.

 

 

И во недела ќе имаме сончево и релативно топло време за овој период од годината, со слаб до умерен ветер од југ.

Утринската темепратура ќе се движи околу петиот степен, а дневниот максимум е прогнозиран повторно на околу 20 степени целзиусови.

 

 

Почетокот на следната работна недела носи благ пад на температурите, но и понатаму суво и релативно натпросечно топло.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца предизвика пожар во стан во Куманово

Никола Ивановски