Викенд прогноза за Куманово: Сонце и утрински температури под нула

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо време со сонце и облаци.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималната дневна ќе достигне 11 степени целзиусови.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец измамил две семејства за летување, им земал 6.000 евра

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени под нулата, а дневниот максимум ќе достигне 10 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме исто така сончево и стабилно време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 0 до максимални 8 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски