Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, а долж поширокото Повардарие повремено засилен ветер од северозападен правец.
Попладне претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент осум.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умеренооблачно и топло време. Во попладневните часови локално се очекуваат услови за дожд и грмотевици.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а издадено е и жолто предупредување за ветер.
Температурата ќе се движи од 15 степени во утринските часови до максимални 28 во текот на денот.
Утре во Куманово ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 27 степени целзиусови.
Недела носи сончево и топло време со умерен до засилен ветер од северне правец. Температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 28 степени целзиусови.
Следната работна недела ќе имаме суво и многу топло време со температури и до 37 степени.
Никола Ивановски