Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен, односно југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 23 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за регионот на кумановско е активиран жолт метео аларм за опасност од врнежи од дожд.
Утре низ кумановско ќе имаме облачно време, но без значителни врнежи во текот на денот, туку во вечерните часови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне само 19 степени целзиусови.
Врнежите од дожд ќе продолжат веќе во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Температурите ќе се движат во интервал од минимални 11 степени во утринските часови до максимални 17 во текот на денот.
Од понеделник се очекува стабилизација на времето, но температурите ќе останат ниски.
Никола Ивановски