Викенд прогноза за Куманово: Што носи првиот викенд од 2025та?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а попладне во западните делови врнежи од дожд во пониските места и снег на планините.

Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и во западните делови ќе бидат пообилни (20 л/м 2 ).

Со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во манастирот Карпино ќе се одбележи Бадник

Максималната температура ќе достигне од 7 до 13 степени.

 

 

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во текот на вечерта и ноќта ќе имаме врнежи од дожд, снег и замрзнат дожд.

Утринската температура ќе се движи околу два степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 7 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево време со слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Loading...

Температурата во утринските часови ќе се движи околу -8 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне само до третиот степен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коледарите повикуваат на масовна прослава на Бадник во Куманово

 

 

И во недела ќе имаме сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу три степени под нулата, а дневниот максимум се очекува да достигне 4 степени целзиусови.

 

Loading...

 

За време на продолжениот божиќен викенд ќе имаме претежно сончево и за нијанса потопло време.

Никола Ивановски