Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 37 степени целзиусови.
Од УХМР за регионот на кумановско за денеска е издадено жолто метео предупредување од високи температури.
Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време, во комбинација со сонце и услови за дожд.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од западен и југозападен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 32 степени целзиусови.
Сончево и топло време ќе имаме во недела, кога ќе дува умерен до засилен ветер од северен и свероисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 31 степен целзиусов.
Од понеделник не очекува повторно суво и топло време.
Никола Ивановски