Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност, инормираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 30 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум ќе достигне 33 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југ и југоисток.
Утринската температура ќе се движи околу 16 степен, а максималната дневна ќе достигне 33 степени целзиусови.
Претстојната работна недела носи пад на температурите под 30 степени.
Никола Ивановски