Викенд прогноза за Куманово: Што носат последните денови од јануари?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб ветер од променлив превец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу еден степен, додека максималната дневна ќе достигне 8 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од Куманово денеска без струја

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен над нулата, а максималната дневна температура ќе се искачи до 10 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти два степени под нулата, а дневниот максимум ќе се движи околу 7 степени целзиусови.

 

 

Променливото време ќе се задржи и во текот на претстојната работна недела, но дневните температури ќе бидат во пораст и ќе имаат и двоцифрени вредности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Избран сувенирот на Општина Куманово за 2025 година

Никола Ивановски