Викенд прогноза за Куманово: Што ни носи празничниот викенд?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 18 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнал сограѓанин на магистралата Куманово – Свети Николе

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, а дневниот максимум ќе се искачи на 15 степени целзиусови.

 

 

Недела носи променливо облачно време со слаб до умерен ветер од север и североисток.

Минималната температура ќе се движи околу 5 степени, а максималната во текот на денот ќе достигне 18 степени целзиусови.

 

 

Слични температури ќе се задржат и во текот на следната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 150 културни настани и околу 14.500 посетители годинава во НУЦК „Трајко Прокопиев“

Никола Ивановски