Викенд прогноза за Куманово: Променливо и дождливо

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време, но без услови за дожд и нестабилност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 22 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петгодишниот Јордан Крстевски од Куманово со успешен настап на „Атина Опен“ (ВИДЕО)

Во текот на ноќта ќе има услови за дожд.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со услови и за дожд, но и за сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, а максималната дневна ќе достигне 19 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи околу 9 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 19 степени целзиусови.

 

 

Следната работна недела ќе имаме претежно стабилно и топло време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прекинат и одложен натпреварот Куманово – Чаир

Никола Ивановски