Времето денеска претпладне низ Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 28 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од југ и југозапад.
Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна ќе достигне 31 степен целзиусов.
Во недела ќе имаме претежно облачно време со многу кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум е прогнозиран за 29 степени целзиусови.
Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски