Викенд прогноза за Куманово: Подгответе се за дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонијаќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/m 2 ), грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд и услови за грмежи.

Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од јужен и југозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро три милијарди денари ќе тежи буџетот на Општина Куманово во 2026 година

Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 24 степени целзиусови.

Од Управата захидрометеролошки работи е издадено жолто метео предупредување за кумановскиот регион, за опасност од засилен ветер.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со услови за нестабилност со дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, додека дневниот максимум ќе се искачи на 18 степени целзиусови.

 

 

Променливо облачно со услови за врнежи од дожд ќе биде времето во недела, кога ќе дува и слаб до умерен северен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Печалбарите повторно ќе излезат на протест пред УЈП Куманово

Температурата ќе се движи во интервал од минимални 9 до максимални 15 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и во текот на претстојната работна недела, а особено дожд се очекува од среда.

Никола Ивановски