Викенд прогноза за Куманово: Облачно со засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец, кој на моменти ќе надмине брзина од 40 километри на час. Поради тоа од страна на УХМР за кумановско е издадено жолто метео предупредување за силен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 600 ученици учествуваа во уличната трка по повод „11 Ноември“ (ФОТО+ВИДЕО)

Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 16 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со умерен до засилен ветер од југ и југоисток, кој ќе надмине брзина од 50 километри на час. Поради тоа и за утре е издаден жолт метео аларм за силен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна ќе достигне 15 степени целзиусови.

 

 

Недела низ кумановско носи облачно, но суво време. Ќе дува повторно умерен до засилен вете од јужен и југостичен правец со брзина и до над 40 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе делови на Куманово

Минималната температура се очекува да се спушти околу 5 степени, додека дневниот максимум ќе достигне 16 степени целзиусови. Ноќта кон понеделник се очекуваат врнежи од дожд.

 

 

Слично време како викендов, ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски