Викенд прогноза за Куманово: Обилни врнежи и невреме

Сподели со своите пријатели

Во текот на денот најпрвин во западните делови на Македонија, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2).

Loading...

Како што информираат од Управата за хидроемтеоролошки работи, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер со брзина (60 км/час).

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Комунални редари секојдневно ќе вршат контроли покрај коритото на Кумановка

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време во претпладневните часови, но со услови за зголемување на облачноста околу пладне.

Во текот на попладневните часови времето ќе биде врнежливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно североисточен правец.

Loading...

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, додека максималната дневна ќе достигне 29 степени целзиусови.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме и поголем пад на температурите. Ќе продолжи нестабилното време со поголем интензитет, односно ќе имаме облачно време со дожд и грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 13 степени во утринските часови, до максимални 22 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се отстрануваат хаварисани возила во Куманово (ВИДЕО)

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме стабилизација на временската состојба. Времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 25 степени целзиусови.

 

 

Следната работна недела носи сончево време и повторно пораст на температурите.

Никола Ивановски

Loading...