Времето низ Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне, претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана но силна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме со услови за појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време во претпладневните часови и многу топло време.
Попладне се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а дневниот максимум е прогнозиран на 33 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за кумановскиот регион е издадено жолто предупредување за опасност од невреме со грмотевици.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од север и северозапад, а температурата ќе се движи од минимални 17, до максимални 28 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд проследени со електрични празнења и слаб до умерено засилен северен и северозападен ветер.
Температурата ќе се движи во интервал од 14 степени во утринските часови, до максимални 25 во текот на денот.
Од понеделник продолжува стабилно, сончево и топло време.
Никола Ивановски