ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Нѐ очекува драстична промена на температурата!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена тенка облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу петиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 24 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, но и со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 7 степени целзиусови, додека максималната дневна се очекува да достигне 21 степен.

 

 

Во недела ќе имаме драстична промена на временската состојба и пад на температурите за повеќе од 10 степени. Ќе биде облачно со врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северен односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне само седум степени целзиусови.

 

Loading...

 

Врнежите од следната работна недела се очекува да престанат, а температурата да биде во постепен пораст.

Никола Ивановски