Викенд прогноза за Куманово: Ќе се стабилизира ли времето?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа).

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работир.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник нападнат од врсници во угостителски објект во Куманово

Од страна на УХМР за регионот на Куманово е издадено жолто метео предупредување за опасност од врнежи.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме исто така облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 3 степени, а дневниот максимум ќе достигне 9 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме променливо време со комбинација од сонце и облаци.

Ќе дува слаб до умерен ветер од север, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 10 степени целзиусови.

 

 

Новата работна недела носи суво и стабилно време, со повеќе сонце, повисоки дневни, а пониски утрински температури.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Печалбарите од Ирак и Авганистан утре на протест пред УЈП Куманово

Никола Ивановски