Викенд прогноза за Куманово: Ќе престане ли конечно дождот?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²).

На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец измамил две семејства за летување, им земал 6.000 евра

Утринската температура ќе се движи околу еден степн над нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне до 5 степени целзиусови.

Од страна на УХМР за регионот на Куманово денеска е издаден портокалов метео аларм за опасност од врнежи од дожд.

 

 

Утре ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 1 степен, а дневниот максимум ќе достигне 4 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 0 до максимални 7 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неселективно ќе бидат урнати сите објекти кои узурпирале јавна површина, вели Димитриевски (ВИДЕО)

 

 

Новата работна недела нсои суво и сончево време со пивоски дневни, но пониски утрински температури.

Никола Ивановски