Во текот на ноќта времето беше претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планински врвови со врнежи од снег.
Утрово е променливо облачно, на повеќе места дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во утринските и претпладневните часови во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер.
Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за обилни врнежи од дожд.
Соред порталот за временска прогноза accuweather, за Куманово денеска е активно портокалово ниво за предупредување од дожд.
Ќе дува слаб до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до девет степени целзиусови.
Во текот на ноќта се очекува врнежите од дожд полека да преминуваат во врнежи од снег.
Утре во кумановско ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд со слаб снег. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.
Температурата ќе биде во интервал од два степени во утринските часови до максимални седум во текот на денот.
Недела носи облачно време, но без услови за врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, односно југозапад.
Минималната температура ќе се движи околу третиот степен, а максималната се очекува да се искачи до 7 степени целзиусови.
Слично време се очекува и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски