Викенд прогноза за Куманово: Какво ќе биде времето за Божиќ?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, а по котлините долж Повардарието магливо, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне облачноста ќе се зголеми. Преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околи три степени, а максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маж се самозадоволувал на улица пред две жени во Куманово

 

 

За Бадник низ кумановско ќе имаме променливо облачно време, но со услови за засилен ветер од југ и југоисток кој ќе достигне брзина и до 50 километри на час.

Температурата ќе се движи во интарвал од утрински пет степени, до максимални 14 во текот на денот. Ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд.

 

 

Loading...

За Божиќ, во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу два степени, а максималната дневна ќе достигне 11 степени целзиусови.

 

 

Понеделник, вториот ден од Божиќ ќе донесе облачно време со внрежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални -4 до максимални 4 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци. Полицијата им пронашла грутчеста материја

 

Loading...

 

Од вторник врнежи ќе нема, но ќе настапи намалување на температурите.

Никола Ивановски