Викенд прогноза за Куманово: Идеално за есенска прошетка

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од осум степени во утринските часови до 28 во текот на денот.

 

Loading...

 

И утре ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу осмиот степен, а дневниот максимум се очекува да достигне 28 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Пеколните температури продолжуваат

 

 

Во недела ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од минимални 11 степени во утринските часови, до максимални 27 во текот на денот.

 

Loading...

 

Веќе на стартот на новата работна недела се очекува драстичен пад на температурата за околу десет степени целзиусови, но и натаму без врнежи.

Никола Ивановски