Времето денеска претпладне низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме малку сонце во претпладневните часови, а попладне се очекува зголемување на облачноста со дожд и грмежи.
Управата за хидрометеоролошки работи има издадено и жолто предупредување за невреме со грмотевици и жолто предупредување за обилен дожд.
Ќе дува сла бдо умерено силен ветер од севере и северозапад, кој на момент може да достигне и брзина од околу 35 километри на час.
Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 21 степен целзусов.
Утре во кумановско ќе имаме променливо облачно време во претпладневните часови со услови за дожд и грмотевици во попладневните.
Ќе дува слаб до умернео засилен ветер од северен и северозападен правец, додека температурата ќе се движи од минимални 12, до максимални 22 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме сончево време претпладне, додека во попладневните часови повторно се очекува нестабилност со дожд и грмотевици.
Ќе дува слаб до умерне ветер од север и северозапад.
Температурата ќе се движи од 12 степени во утринските часови до максимални 22 во текот на денот.
И во текот на следната работна недела ќе продолжат врнежите од дожд во комбинација со громтевици.
Никола Ивановски