Викенд прогноза за Куманово: Дожд, снег, па сонце

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно облачно и со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Loading...

Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2, на планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а температурите насекаде ќе опаднат, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

 

 

Во текот на изминатото деноноќие во Куманово наврнале околу 13 литри дожд метар квадратен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се гради гасоводна мрежа во индустриската зона во Доброшане (ФОТО)

Денеска низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу три степени, а максималната дневна ќе достигне само пет степени целзиусови.

Од страна на УХМР за регионот на Куманово за денеска се издадени два жолти метео аларми, едниот за врнежи од снег и мраз, а вториот за засилен ветер.

 

 

Утре во Куманово ќе имаме облачно време со врнежи од снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални два степени под нулата, до максимални четири степени целзиусови во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари

И за утре за кумановско има издадено жолт метео аларм за засилен ветер.

Loading...

 

 

Недела носи мала стабилност и сончево до умерено облачно време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северн правец, а температурата ќе се движи од минимални -2, до максимални четири степени целзиусови.

 

 

Loading...

Во поголемиот дел од следната работна недела ќе се задржи суво време со повеќе сонце.

Никола Ивановски