Викенд прогноза за Куманово: Дожд и заладување

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи.

На некои од повисоките места, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово приведен возач со 2,72 промили алкохол

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува салб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу четири степени, а максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

За регионот на Куманово од страна на УХМР е издадено портокалово предупредување за опасност од дожд.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу третиот степен, а максималната дневна ќе достигне 10 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска повеќе локации во Куманово

 

 

Во недела ќе имаме променливо време, со услови и за дожд и за сонце.

Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални пет до максимални 11 степени целзиусови.

 

 

Услови за дожд ќе имаме и во претстојната работна недела.

Никола Ивановски