Викенд прогноза за Куманово: Дожд, грмотевици и заладување

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо време со услови за сонце, но и за нестабилност во попладневните часови проследена со дожд и грмежи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јубилејно 10. издание на „Малински фото фестивал“

Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 25 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 15 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, додека максималната дневна ќе достигне 12 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Облачно време со врнежи од дожд ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се запали камион на „Чистота и зеленило“, поради несоодветно фрлен отпад (ВИДЕО)

Никола Ивановски