Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 40 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 19 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 37 степени целзиусови.
За Куманово и околината денеска на сила е жотло предупредување за исклучително високи температури.
Како што посочуваат од УХМР, под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м 2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.
Во Куманово и околината утре ќе имаме претжено облачно време со кратки сончеви периоди и услови за дожд и грмотевици.
Ќе дува слаб до засилен ветер од јужен и југоисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 34 степени целзиусови.
За Куманово за утре се издадени четири метео предупредувања, портокалово предупредување за опасност од невреме со грмотевици, портокалово предупредување за дожд, жолто предупредување за силен ветер и жолто предупредување за исклучително високи температури.
Во недела ќе имаме стабилизација на временската состојба, но и пад на температурите. Времето ќе биде претежно сончево со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум ќе достигне 27 степени целзиусови.
Од понеделник ќе имаме сончево и суво време, но со значително пониски температури.
Никола Ивановски