Викенд прогноза за Куманово: Доаѓа нов топлотен бран

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 12 до 20 степени, додека максималните ќе бидат меѓу 27 и 38 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време.

Ќе дува слаб до умерено засилен североисточен ветер.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 34 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доаѓа нов топлотен бран, надлежните апелираат да се почитуваат препораките за заштита

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до високи 36 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме исто така сончево и многу топло време со слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум ќе достигне 38 степени целзиусови.

 

топлотен бран

 

Топлотниот бран ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доаѓа нов топлотен бран, надлежните апелираат да се почитуваат препораките за заштита