Викенд прогноза за Куманово: Доаѓа нов бран врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната од 6 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала до умерен облачност. Во утринските часови температурата ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе достигне до 8 степени целзиусови.

 

 

Од сабота до понеделник, под влијание на влажен бран ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.

Во кумановско во текот на ноќта се очекува зголемување на облачноста што може да донведе до слаби врнежи од снег. Утринската температура ќе се движи околу нулата.

Во текот на денот ќе преовладува облачно врем со врнежи од дожд, а максималната дневна се очекува да достигне 7 степени.

 

 

Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2). На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Недела во кумановско носи слична временска состојба. Облачно време со врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде околу два степени, а максималната дневна до 7.

 

 

Врнежливото време ќе се заджи и на стартот на новата работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply