Викенд прогноза за Куманово: Денеска над 20 степени, па ќе имаме дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од западен и северозападен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел со 1,55 промили алкохол

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 5 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне 22 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северозапден правец.

Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, додека максималната дневна ќе се искачи до 18 степени целзиусови.

 

 

Недела носи облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозапден правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 9 до максимални 14 степени целзиусови.

 

 

Слично време со ред сонце, ред дожд, ќе имаме и во текот на следната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово денеска против Охрид во рамки на 9. коло од Супер Лигата

Никола Ивановски