Викенд прогноза за Куманово: Денес жолт аларм за невреме

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо време со услови за нестабилност во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе достигне 26 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  18-годишна кумановка нападната од вонбрачниот сопруг

Од страна на УХМР за регионот на Куманово за денеска е издадено жолто метео предупредување за опаност од невреме.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со слаба облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 31 степен целзиусов.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 34 степени целзиусови.

 

 

Претопло ќе биде и во понеделник, а од вторник се очекува повторно дестабилизација на времето и пад на температурите.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Црвен аларм за тероризам во Србија создава метеж на ГП Табановце

Никола Ивановски