Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 40 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 19 степени, додека максималната дневна ќе достигне 37 степени целзиусови.
Попладне се очекува невреме со пороен дожд и грмежи.
Од страна на УХМР за регионот на кумановско за денеска се издадени два жолти метео аларми, едниот како предупредување за опасност од високи температури, а вториот за опасност од невреме со грмотевици.
Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со мала облачност.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе достигнува брзина и до 45 километри на час.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум ќе достигне 30 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 30 степени целзиусови.
Од понеделник следува повторно раст на дневните температури.
Никола Ивановски