Новата учебна година, која веќе започна во Виена, Долна Австрија и Бургенланд, а во остатокот од Австрија една недела подоцна, воведува и нови правила за оценување, повторување и забрана за носење шамии во основните училишта.
Најмногу новини има во основните училишта, каде што од вториот семестар од 2 одделение ќе има повторно задолжително оценување на учениците по бројки. Учениците од второ одделение ќе можат и да повторуваат.
Во основните училишта, носењето на религиозно обележана облека во однос на покривањето на главата ќе биде целосно забрането. Ова се објаснува со потребата за социјална интеграција на децата и почитување на основните уставни права на еднаквост меѓу жените и мажите.
Кој ќе ја прекрши оваа одлука ќе му се изрече казна со 440 евра.
Еден новитет ги погаѓа и првачињата кои во клупите ќе седнат следната година. Поточно, за запишувањето во почетокот на 2020 година за прв пат се воведува уникатен критериуми на зрелост. Ова се должи на различни практики во различни провинции.
Имено, во Бургенланд и Стирија, за време на последниот упис, ниту едно дете не било запишано во подготвителен клас поради недостаток на зрелост, а имало 16 во Форларберг, а 20 проценти во Салцбург.