Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека дивизијата Теиков на стратешките ракетни сили (РВСН) изведува маневри со помош на мобилниот ракетен систем „Јарс“ како дел од вежбата во регионот на Иваново.
Како што се наведува, во вежбата биле вклучени околу 1.000 војници и повеќе од 100 парчиња опрема, пренесува Интерфакс.
Стратешките ракетни сили се род на вооружените сили на Руската Федерација и ја претставуваат главната компонента на нејзините стратешки нуклеарни сили.
Стратешките ракетни сили имаат за цел да ја одвратат нуклеарната агресија.
Основата на стратешките ракетни сили се модерните комплекси „Јарс“ во минска и мобилна верзија.
„Јарс“ е способен да гаѓа цели на дострел до 11.000 километри и е опремен со повеќе боеви глави со механизам за индивидуално наведување.