Вежба за евакуација во ООУ „Браќа Миладиновци“

Сподели со своите пријатели

Во Општинското основно училиште „Браќа Миладиновци“ денеска се одржа симулативна вежба за евакуација во случај на елементарна непогода.

Вежбата е во организација на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово, а во рамки на кампањата „Безбедни училишта“.

– Овие активности се спроведуваат со цел на учениците да им се укаже како безбедно да ги напуштаат просториите во случај на некоја елементарна непогода. Овие превентивни активности ќе продолжат и во наредниот период во сите основни и средни училишта, велат од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Ќе изградиме повеќе, затоа што Куманово мора да победи! (ФОТО)