Ветувам, од Нова година ќе… Ова се најтешките лаги во кои се убедуваме

Сподели со своите пријатели

Никој не ги сака лажговците. Доколку некого го откриете, се чувствувате имзмено и несреќно, а потоа ве чека одлука дали да простите или да не го сторите тоа. Но, што се случува кога се лажете самите себеси?

Секогаш, повторно се лажете дека Новата година ќе донесе нови победи, радост и надеж. Секако, тоа никако не се случува.

Ова е листата најчести лаги кои си ги кажуваме секоја година

1. Ќе ослабнам / Ќе се зачленам во теретана

До 1. јануари јадете без преста и си ветуваме дека Новата година ќе ви донесе нова фигура. А на есто тоа, активно ќе одите во теретана или на аеробик.

 

Loading...

 

Ништо од тоа, веројатно ќе продолжите со јадењето се додека не биде предоцна.

2.  Ќе се омажам / оженам

Не, нема или можеби и ќе го сторите тоа, но нема врска со вашата одлука за Нова година тку со висината на вашите примања, изгледот, бројот на недвижнини, пари, среќа, количина алкохол, дрога, луцидност, број на забави кои сте ги посетиле. Со се, само не со вашата одлука.

 

 

3. Ќе завршам факултет

Доколку и вие сте во групата вечни студенти никаква Нова година нема да ви помогне. Едноставно толку сте мрзеливи и сте навикнале да одите по линијата на помал отпор, па единствен спас за вас може да биде врска. Доколку ја немате, најдете ја како знаете и умеете.

 

Loading...

 

4. Престанувам да пијам

Еден од најлошите форми на самозалажување. Ако сте алкохоличар нема Нова година што ќе ви помогне, туку цврст карактер.

 

 

5. Нема повеќе да бидам површен, ќе започнам подлабоко да гледам на работите

Доколку до сега сте биле тип кој гледал се што носи фустан, ви нема спас ниту во Новата година.

Од друга страна, ако целиот живот си гледала пари и како на полесен начин да избегаш од село и трајно да се населиш во некој голем град, нема длабочина за тебе, барем не на наведениот начин.

 

 

Затоа на листата приоритети за Нова година нека ви биде само едно – ЌЕ ПРЕСТАНАМ ДА СЕ ЛАЖАМ САМИОТ СЕБЕ.