Ветеринар од Тајланд неодамнал остана во целосен шок кога маж донел лебарка во неговата клиника за преглед.
На крајот на мај, Тану Лимпапатаванваника, кој редовно објавува приказни од ветеринарната станица каде што работи, објави необичен пост на Фејсбук – приказна за згазена лебарка што му била донесена со цел да и го спаси животот.
– Синоќа имавме итен случај. Некој згазнал лебарка на тротоарот. Потоа, еден филантроп, кој случајно минувал покрај неа, видел немоќна лебарка, ја зел во рака и ја донесе на нашата клиника – напиша ветеринарот.
Тој рече дека шансите лебарката да преживее се 50/50.
– Ова не е шега. Би сакал да има повеќе вакви луѓе на светот – додаде докторот.
Не е познато како завршила лебарката.