Ветеранките на „Тумба“ брилираа на Отвореното првенство во тенис (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот тениски клуб „Тумба“ оствари значаен успех на отвореното првенство во тенис за ветеранки, кое се одржа изминатиот викенд на терените на ТК „Евросет“ во Скопје.

Членките на клубот, Марија Златевска и Катерина Димковска, се закитија со две медали во главниот турнир.

 

 

Златевска триумфираше во финалето и го освои првото место, додека Димковска се пласираше на втората позиција.

Одличен настап имаше и Драгица Илиевска Томовска, која играше во финалето на бонус турнирот, дополнително заокружувајќи го успешниот викенд за ТК „Тумба“.

 

 

Со овие резултати, клубот од Куманово го збогати своето трофејно портфолио, надоврзувајќи се на претходните успеси, особено во младинските категории.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На ГП Табановце приведен 47-годишник кој возел без дозвола

Од клубот упатија честитки до своите членови за постигнатите резултати, со желби за уште многу идни трофеи и награди.

Никола Ивановски