Веста дека Јужноафриканка родила 10 деца е лажна, наводната мајка задржана на психијатрија

Сподели со своите пријатели

Приказната за Јужноафриканката која го обиколи целиот свет, а во која се тврди дека на 8 јуни родила 10 бебиња, според официјалното соопштение на истражните тела, е лажна, пренесува Би-Би-Си.

Loading...

Наводната мајка била задржана во психијатриска клиника поради лажна приказна и е под надзор на лекар.

Триесет и седумгодишната Госијаме Тамара Ситоле, од провинцијата Гаутенг недалеку од Јоханесбург, стана светска сензација поради наводно рекордниот број на десет родени бебиња.

Се покажа дека ниту една болница во провинцијата Гаутенг нема евиденција дека жена родила десет бебиња, а на крајот, медицинските тестови извршени како дел од официјалната истрага утврдиле дека Ситоле не била ниту бремена неодамна.

Наводната мајка била задржана во психијатриска клиника за понатамошно набљудување, иако истражните органи не наведуваат која е причината за оваа измислена приказна.

 

 

Loading...

Исто така беше најавено дека ќе бидат преземени законски мерки против главниот уредник на „Преторија њуз“, Пиет Рампеди, кој прв ја објави оваа вест.

Како што се наведува, Рампеди ја посетувал истата црква како Ситола и нејзиниот партнер Тебо Цотеци. Тој ги интервјуирал во мај и тие му рекле дека очекуваат десеторка, кога била направена фотографија на која се гледа бремената Ситола.

Преторија њуз ја објави веста на 8 јуни, повикувајќи се на Цотеци како извор, дека Ситола родила 10 бебиња.

Цотеци подоцна рече дека ги добил овие информации од Ситола во СМС-порака и дека не му било дозволено да оди во болница поради мерките поврзани со пандемијата на коронавирусот

Уредникот Рампеди се потпрел на оваа порака и ги објавил вестите, без да добие потврда од болницата. Тогаш локалниот градоначалник ја потврди оваа сторија и веста ја пренесоа сите светски медиуми.

Се покажа дека локалниот политичар немал други извори, ниту пак некој ги видел бебињата.

Како што се рашири приказната на социјалните мрежи, почнале да пристигнуваат донации за Ситоле, нејзиниот партнер Тебо Цотеци и нивните десет бебиња.

 

Loading...

Сепак, наскоро се појавија сомнежи за автентичноста на оваа вест, бидејќи ниту една официјална институција не била во можност да го потврди раѓањето, ниту пак, во јавноста се појавија фотографии или видеа од новороденчиња.

Неколку дена подоцна, Цотоци го пријавил исчезнувањето на Ситолин и ги замолил луѓето со добра волја да не испраќаат донации, а „Преторија њуз“ објави дека го обвинува дека сака да оствари финансиска корист со помош на бебињата.

На крајот, социјалните работници успеале да откријат каде се наоѓа Ситоли, по што таа била примена во болницата каде што била задржана на опсервација.

Leave a Reply